
Манчестер Јунајтед е клубот со најмногу нетo трошоци за трансфери во целиот свет во последните пет години. Ова го покажува истражувањето на УЕФА, цитирано од “Тајмс”.
Според податоците, нетните трошоци на “црвените ѓаволи” за нови играчи изнесуваат 794 милиони евра (692 милиони фунти) и на тој начин ги надминуваат другите два англиски клуба – Челзи и Арсенал.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Сосема очекувано, “сините од Лондон” се најмногу потрошувачи на пари за нови фудбалери – 1.94 милијарди фунти. Клубот од “Стенфорд Бриџ” вратил 712 милиони фунти од продажба на свои играчи и така нетните трошоци за трансфери изнесуваат 657 милиони фунти, што значи дека Челзи останува зад Манчестер Јунајтед.
Арсенал е на трето место според нетни трошоци со 589 милиони фунти.
Не е изненадување и тоа што Манчестер Сити е на втора позиција после Челзи според вкупно потрошени пари за нови играчи од јануарскиот трансферен прозорец во 2021 година до крајот на летниот трансферен прозорец во 2025 година. Сумата изнесува 1.23 милијарди фунти.
Манчестер Сити не влегува во топ 3 по нетни трошоци, благодарение на продажбите на играчи, но клубот е на прво место во светот по плати. “Граѓаните” годишно исплаќаат по 486 фунти за плати.