Дома Фудбал Манчестер јунајтед ќе го засили нападот со фудбалер од 75 милиони евра?

Манчестер јунајтед ќе го засили нападот со фудбалер од 75 милиони евра?

Нигерискиот напаѓач Виктор Осимен (26) ова лето би можел да се пресели во Манчестер Јунајтед, кој е подготвен за него да плати отштета од 75 милиони евра, објавија денеска англиските медиуми. Осимен минатото лето беше главна тема на преодниот рок. Откако одби да игра за Наполи, имаше многу шпекулации каде ќе ја продолжи кариерата, но на крајот заврши на позајмица во Галатасарај.

Оваа сезона во турското првенство и Лига Европа постигна 19 голови и оствари пет асистенции. На крајот од сезоната треба да се врати во Наполи, со кој има договор до јуни 2026 година. Но, малку е веројатно дека ќе остане во италијанскиот клуб. Јунајтед е подготвен да плати оштета од 75 милиони евра, колку што му е проценета вредноста на Трансфермаркт.


СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓


Осимен сака да ја продолжи кариерата во клуб кој ќе игра во Лигата на шампионите. Имајќи предвид дека манчестерскиот клуб е на 15-то место во Премиер лигата, на 15 бодови од четвртото место кое води во Лигата на шампионите, тешко ќе обезбеди учество во европско натпреварување.

Англиските медиуми додаваат дека Осимен бара годишна плата од 12,5 милиони евра. Ако му ја даде посакуваната сума, Јунајтед ќе го направи четвртиот најплатен фудбалер во клубот. Според Капологија, неофицијален извор за плати на фудбалери, Каземиро има 18,2 милиони евра годишно, втор е Бруно Фернандеш со 15,6 милиони евра, а трет е Мејсон Маунт со 13 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалските надежи се реваншираа на БиХ: Победија со гол во 90. минута

Младата репрезентација на Македонија до 17 години славеше минимална победа со 1:0 против с…