Рубен Аморим од раководството на Манчестер јунајтед побарал лев бек за следната сезона, а прв на листата желби е Тео Хернандес од Милан.
Францунот игра фантастично и се етаблираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа, па го привлече вниманието на многу клубови.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Тео има договор со „росонерите“ до 2026 годин, а Милан веќе му понуди нов договор, но преговорите не одат глатко.
Доколку Французинот не се договори за продолжување на соработката со росонерите, тие ќе мора да го продадат на лето за да не замине како слободен агент.
„Црвените ѓаволи“ сакаат да му ја исполнат желбата на Аморим и се спремни да понудат 60 милиони евра за потписот на Тео Хернандес.