По завршувањето на главната фаза на Европското првенство во Австрија, Унгарија и Швајцарија, познати се сите репрезентации што ќе учествуваат во баражот за Светското првенство 2025, кое ќе се одржи во Германија и Холандија.
На ждрепката што ќе се одржи в недела, 22 селекции ќе бидат распоредени во два шешира, а во игра ќе бидат 11 билети за настап на претстојниот Мундијал. Македонската репрезентација, која ќе биде дел од вториот шешир, ќе ја дознае својата противничка екипа во баражот, каде што натпреварите ветуваат неизвесност и големи предизвици.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Во првиот шешир се наоѓаат:
Шведска, Црна Гора, Полска, Романија, Словенија, Швајцарија, Шпанија, Австрија, Чешка, Исланд и Фарските Острови.
Во вториот шешир се:
Македонија, Хрватска, Турција, Србија, Португалија, Украина, Словачка, Израел, Италија, Косово и Литванија.