Дома Фудбал Македонија оваа сезона ќе има еден претставник во ЛШ!

Македонија оваа сезона ќе има еден претставник во ЛШ!

Лигата на шампионите стартува денеска, а Македонија и оваа сезона ќе има еден свој претставник во најпрестижното европско натпреварување.

По минатата година, кога дресовите на најсилната клупска сцена ги носеа Елиф Елмас, Бојан Миовски, Стефан Ристовски и Аријан Адеми, оваа есен единствен претставник ќе биде само Елмас. Фудбалерот од Скопје ќе ја брани честа на Наполи и ќе биде единствениот Македонец во групната фаза.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Откако во 1992 година Купот на европските шампиони премина во сегашниот формат на Лигата на шампионите, вкупно 17 македонски фудбалери се појавиле на оваа сцена. Најсилен печат остави Горан Пандев со триумфот во 2010 година со Интер, додека во претходната ера со Црвена Звезда европската титула ја освоиле Дарко Панчев и Илија Најдовски. Со своите настапи Елмас ја продолжува линијата на македонски имиња кои се дел од елитата на европскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул ги остави проблемите зад себе и го совлада Реал и покрај херојските потези на Куртоа

Ливерпул одигра силен меч и покажа дека можеби го надминува тешкиот период, откако го побе…