Дома Останати Ракомет Македонија денеска го одигра последниот натпревар пред ЕП и победи убедливо!

Македонија денеска го одигра последниот натпревар пред ЕП и победи убедливо!

Македонската ракометна репрезентација со победа ја заокружи серијата контролни натпревари во пресрет на настапот на Европското првенство, откако денеска беше подобра од екипата на Мјитиланд со убедливи 35-27.

Избраниците на Кирил Лазаров на овој начин во позитивна атмосфера го дочекаа континенталниот шампионат, кој за „црвено-жолтите“ започнува во петок со силен предизвик против домаќинот Данска, селекција што важи за еден од главните фаворити на турнирот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


И покрај тежината на противникот, македонските ракометари најавуваат борбен пристап и максимално залагање на отворањето на првенството.

Во денешниот натпревар најрасположен беше Филип Кузмановски со шест погодоци, додека Митев и Серафимов придонесоа со по пет гола, а Костески четири пати се запиша во листата на стрелци.

Дуелот со Данска е закажан за 20:30 часот, а покрај овие две селекции, во нашата група се наоѓаат и репрезентациите на Португалија и Романија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Oхрид го доби грчки противник во четвртфиналето на ЕХФ купот!

Ракометниот клуб Охрид се пласираше четвртфиналето на Европскиот куп на ЕХФ откако ја елим…