
Maкедонските ракометари вечерва на свој терен од 20:00 часот ќе ја пречекаат Словенија во квалификациите за Европското првенство, а ова ќе биде прв натпревар за избраниците на Лазаров по одличниот настап на Светското првенство.
Натпреварот против Словенија Македонија го дочекува во добра форма и без проблеми со повреди кај клучните ракометари.
Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Единствено отпадна Павле Атанасијевиќ и на негово место шанса доби Цветан Кузманоски.Од друга страна Словенија се соочи со многу проблеми и повредени ракометари пред овој дуел, селекторот Зорман не може да смета на двоцифрен број ракометари.
Сепак и во таква ситуација Словенија е селекција која има длабок ростер и не може да се потцени.
Дополнителен мотив за момците на Лазаров можат да бидат полните трибини кои често пати во минатото знаеле да бидат ветер во грб во најважните натпревари.