Дома Фудбал Maкедонија денеска ги добива противниците во битката за Мундијал!

Maкедонија денеска ги добива противниците во битката за Мундијал!

Денеска од 12:00 часот на ждрепката во Цирих Македонија ќе ги добие противниците во квалификациите за Светското првенство кое во 2026 година ќе се игра во САД, Канада и Мексико.

Во Цирих Македонија ќе ја претставуваат селекторот Благоја Милевски и се уште актуелниот прв човек на ФФМ, Муамед Сејдини.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Противниците Македонија ги чека од третиот шешир каде што се: Шкотска, Словенија, Република Ирска, Албанија, Грузија, Финска, Исланд, Северна Ирска, БиХ, Црна Гора и Израел.

Познато е дека Македонија ќе игра во група со пет репрезентации и ќе добие две послабо рангиранирани селекции.

ШЕШИРИТЕ ЗА ЖДРЕПКАТА:

ШЕШИР 1: Шпанија, Португалија, Германија, Франција, Италија, Холандија, Данска, Хрватска, Англија, Белгија, Швајцарија, Австрија
ШЕШИР 2: Украина, Турција, Шведска, Велс, Унгарија, Србија, Полска, Грција, Романија, Словачка, Чешка, Норвешка
ШЕШИР 3: Шкотска, Словенија, Р. Ирска, Албанија, МАКЕДОНИЈА, Грузија, Финска, Исланд, С. Ирска, БиХ, Црна Гора, Израел
ШЕШИР 4: Бугарија, Луксембург, Белорусија, Косово, Ерменија, Казахстан, Азербејџан, Естонија, Кипар, Фарски Острови, Летонија, Литванија
ШЕШИР 5: Молдавија, Малта, Андора, Гибралтар, Лихтенштајн, Сан Марино

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер јунајтед се ослободува од промашувањето платено 77 милиони евра

Италијанскиот шампион Наполи може да го финализира доаѓањето на напаѓачот на Manchester Un…