Вардар одигра 26-26 со Мелсунген во последниот групен настап во Лигата на шампионите. Скопскиот тим се сели во Европската лига, а Германците обезбедија место во главната рунда.
Македонски спорт: вести за македонските репрезентации, клубови и спортисти од сите спортови.
Вардар одигра 26-26 со Мелсунген во последниот групен настап во Лигата на шампионите. Скопскиот тим се сели во Европската лига, а Германците обезбедија место во главната рунда.
Тиквеш го совлада Вардар со 3:1, а Македонија ЃП преку пенали ја исфрли Брегалница. Вардар најави жалба за настап на гостински фудбалер.
Силекс го елиминира Пелистер со 3:0, со три погодоци пред паузата. Бранителот на трофејот продолжува во четвртфиналната фаза.
Македонската женска селекција до 17 години го победи Луксембург со 1:0 во Тбилиси, иако од 33. минута играше со фудбалерка помалку.
Кирил Лазаров го стесни изборот за ноемвриските квалификации, со Мартин Серафимов повторно во составот. Првите противници се Луксембург во Скопје и Грција на гости.
Дмитри Хориха е во изборот за стартот на квалификациите, додека Жарко Пешевски не е повикан, а Никола Митревски е меѓу резервите. Првите предизвици се Луксембург во Скопје и гостувањето во Грција.
Штип УГД вечерва од 18 часот го пречекува Орион Старс во квалификацискиот реванш. Македонскиот шампион бара подобро издание по поразот во Холандија, а победникот од двомечот го чека АЦХ Волеј Љубљана.
Младинците на Брера денеска од 14 часот го пречекуваат Хофенхајм во второто квалификациско коло на младинската Лига на шампионите. Германскиот тим е следната пречка по убедливата елиминација на Санта Колома.
Никола Матлиески избра 16 ракометари за ноемвриските настапи на Македонија до 16 години. Регионалните турнири ќе послужат и за проверка на играчите од двата селекциски региона.
Струмичкиот фудбал остана без Димитар Георгиев – Шеки, кој со 235 првенствени настапи и 50 голови остави силен белег во Беласица. Само девет дена претходно, клубот му оддаде признание за неговиот придонес.
Поранешниот англиски репрезентативец почина на 81 година. За Арсенал одигра 501 натпревар и имаше клучна улога во освојувањето на двојната круна во 1971 година.