Дома Фудбал Мајсторија која не се заборава: УЕФА пред натпреварот вечерва потсети на слаломот на Елмас! (Видео)

Мајсторија која не се заборава: УЕФА пред натпреварот вечерва потсети на слаломот на Елмас! (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација вечерва ќе истрча на теренот на „Паркен“ во Копенхаген, каде ќе се соочи со Данска во баражот за пласман на Светското првенство. Во пресрет на натпреварот, УЕФА потсети на еден маестрален момент на Елиф Елмас од квалификациската фаза.

Станува збор за натпреварот против Лихтенштајн во Скопје, кој Македонија убедливо го доби со 5-0. Тогаш Елмас блесна со спектакуларен продор, минувајќи неколку противнички играчи пред да ја затресе мрежата – потег кој остана запаметен како еден од најубавите во циклусот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Очекувањата се дека македонскиот „дијамант“ може повторно да биде клучниот фактор и на вечерашниот дуел, со што би ја предводел селекцијата кон ново финале во мундијалскиот бараж.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер по секоја цена посакува еден од најдобрите во Рим

Ману Коне, дефанзивец од средниот ред на Рома, повторно е на радарот на Интер. Францускиот…