Дома Топ вести „Maрка“ тврди: Готово, Конте отпадна, Перез го избра новиот тренер!

„Maрка“ тврди: Готово, Конте отпадна, Перез го избра новиот тренер!

Изгледа дека сепак Конте би можел да „извиси“.

Клуб каков што е Реал Мадрид не трпи неуспех, а цената како што во овој момент стојат работите изгледа ќе ја плати Јулиен Лопетеги.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Низ шпанските медиуми се шпекулира дека Лопетеги би можел наскоро да биде заменет, а негова замена би била доведена од младинскиот табор.

Поранешниот играч на Реал Мадрид и репрезентативец на Аргентина, Сантијаго Солари ќе го превземе Реал Мадрид, барем привремено, тврди „Марка“.

Солари за „кралевите“ настапуваше во период од 2000 до 2005 година, а во текот на оваа недела барем според „Марка“ би можел да биде поставен за прв тренер.

Мадриѓаните наводно се откажале од Конте поради нерасчистените сметки помеѓу него и Челзи, а како потенцијални опции се наведуваат уште Блан, Ландруп и Гути, но најголеми шанси му се дава на Солари.

Наводно се чека само конечната потврда од страна на клубот.

Можеби Перез ќе успее да го повтори успехот како што го имаше со Зидан, ќе потсетиме и Французинот беше тренер на младинците пред да го превземе првиот тим со кој подоцна освои три титули во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Инзаги испишува историја: Во Интер го надмина и Жозе Мурињо

Симоне Инзаги со само два клуба во период од осум години колку што е тренер успеа да освои…