Дома Македонски спорт Мак ракомет Maџовски: Во Словенија го одигравме еден од најлошите натпревари, ни треба победа за самодоверба

Maџовски: Во Словенија го одигравме еден од најлошите натпревари, ни треба победа за самодоверба

Утре на домашен терен Еурофарм Пелистер ќе го игра реваншот против Тримо Требње во рамките од Европската лига.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


 Пред една недела битолскиот тим беше поразен со 28:24 и одигра навистина лош натпревар, па сега ќе бараат поправен на свој терен. Ракометарот Бојан Маџовски верува во подобра игра на Е.Пелистер во овој дуел.

“Можам да ви кажам дека во Словенија одигравме еден од нашите најслаби натпревари. Иако создававме позиции и шанси, имавме голем проблем со реализацијата. Противникот не нè изненади со ништо од тоа што го подготвувавме, па дури и можам да кажам дека го спречивме нивното најсилно оружје – транзиција и брзата игра. Сепак, со тринаесет промашени зицери, тешко се добива натпревар.

И минатата, а и оваа сезона се соочуваме што и на добиени натпревари, не ги освојуваме бодовите. Веруваме дека и тоа ќе го надминеме. Го оставаме последниот натпревар зад нас, се спремаме и во вторник се надеваме дека ќе излеземе како победници.

Ни треба една победа да се крене екипата, да ја врати самодовербата. Иако можам да кажам дека атмосферата е добра во клубот, тренираме и се спремаме одлично, но ни треба таа една победа да ја вратиме самодовербата”, изјави Маџовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лазаров избра: Ова е тимот со кој одиме против Словачка! (Фото)

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (19 часот) во Прешов го почнува баражот п…