Дома Фудбал Мајсторски гол на Меси и пласман на Интер Мајами во осминафиналето на Лигата на шампиони на КОНКАКАФ

Мајсторски гол на Меси и пласман на Интер Мајами во осминафиналето на Лигата на шампиони на КОНКАКАФ

Фудбалерите на Интер Мајами го победија Спортинг Канзас Сити со 3:1 во реванш натпреварот од 1/16 финале на Лигата на шампионите на КОНКАКАФ. Лионел Меси го одбележа натпреварот со прекрасен гол.

Како и пред шест дена, одличниот Аргентинец постигна гол против Канзас. Овој пат за водство на својот тим, додека во првиот натпревар погоди за победа.

Луис Суарез забележа асистенција, а публиката во Форт Лодердејл можеше уште еднаш да му се поклони на фудбалскиот магионичар, кој игра одлично и на 37 години.

Интер Мајами во осминафиналето ќе игра против Кавалиер од Јамајка. Првиот натпревар е на 5 март, а реваншот е закажан седум дена подоцна.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн Минхен во тајна средба со Пеп Гвардиола, но без интерес за Халанд

Баерн Минхен неодамна имаше тајна средба со поранешниот тренер Пеп Гвардиола, но нема вист…