Mанчестер Јунајтед е спремен да му понуди нов договор на Бруно Фернандеш. Португалскиот репрезентативец според информациите од Островот би требало да заработува двојно повеќе од сега.
Одличниот 26 годишен играч за врска би требало да инкасира околу 220.000 евра неделно. Во овој момент неговите примања се 110.000 евра. Платата на Бруно е во ранг на Џеси Лингард и резервниот голман Хендерсон. Најплатени во тимот се Давид Де Геа и Пол Погба со по 300.000 евра неделно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Исто така управата на Јунајтед уште сега ќе му понуди продолжување на соработката на дополнителна уште една година, иако до сега поминаа само 11 месеци од неговиот четиригодишен договор. На тој начин договорот со Јунајтед би го врзувал до 2025 година.
Фернандеш во досегашниот дел од сезоната е убедливо најдобар играч на Јунајтед. Класата ја покажа и во мечот против Вест Хем за викендот кога влезе од клупата и донесе пресврт и победа за својот тим од 3:1. Во досегашниот дел од сезоната Фернандеш зад своето име има 11 голови и пет асистенци. Вкупно во дресот на Јунајтед оствари учинок од 37 натпревари, 22 гола и 14 асистенции.