Стоук е расположен да преговара.
Потрагата на Манчестер Јунајтед по десно крило продолжува, Вилијан можеби е и главна цел, но тој е тешка мета, сега на радарот е и Џердан Шаќири.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Жозе Мурињо е упорен во намерата да ја засили во овој момент најслабата позиција во тимот, сите карти и понатаму се отворени. Швајцарскиот репрезентативец е интересна опција поради неговата цена. Ако се земе предвид дека Челзи од Барселона одби понуда за Вилијан во износ од 50 милиони евра, јасно дека со Шаќири би можеле многу да заштедат.
Имено, откако Стоук испадна во Чемпионшип цената на Шаќири падна, но после неколку солидни настапи на Мундијалот, англискиот клуб би можел да се надева на оштета од 14 милиони евра.
Тоа практично е пристојна цена во споредба со денешниот трансфер пазар, а Мурињо верува дека Шаќири би се вклопил во неговиот систем.
Шаќири јавно стави до знаење на клубот дека нема намера да игра во второто по ранг натпреварување во Англија, сака да остане во Премиер лигата. Евентуалната понуда од Манчестер Јунајтед за него би можела да биде интересна, но и понатаму нема конкретни потези.