Дома Трансфер зона Mијатовиќ најави голем трансфер: Да видиме прво колку пари ќе бара Реал

Mијатовиќ најави голем трансфер: Да видиме прво колку пари ќе бара Реал

Предраг Мијатовиќ кој е добар пријател со Хулен Лопетеги најави голем трансфер во Шпанија.

Во овој момент Црногорецот работи како стурчен консултант на „Кадена СЕР“ каде што откри дека Лопетеги ќе се обиде да го доведе Иско.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


„Лопетеги е мој добар пријател и знам колку многу го цени Иско. Сепак треба да се почека да се види колку пари ќе бара Реал и колку клубот ќе треба да издвои за неговата плата. Ако Иско и понатаму е на клупа значи дека не го убедил Зидан дека заслужува место во тимот. Во таква ситуација мислам дека е добро за Иско да побара нова средина“, изјави Мијатовиќ.

Иско е далеку од најдобрата форма и го загуби местото во тимот, па наскоро би можел да ја промени средината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…