Дома Трансфер зона Mбапе со своите барања откажал два клуба од Премиер лигата

Mбапе со своите барања откажал два клуба од Премиер лигата

Според последните најави Килијан Мбапе кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид со кого Французите тврдеа дека ги договорил сите услови. Денеска од Островот пристигнуваат информации дека и два клуба од Премиер лигата се распрашувале за Мбапе.

Ливерпул и Арсенал наводно ја „опипале“ можноста за ангажман на Мбапе, меѓутоа се повлекле од намерата кога ги слушнале барањата на Французинот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ниту Арсенал, ниту Ливерпул не сакале да прават големи отстапи и така да ја нарушат сопствената структура за плати што би можело да доведе до пореметување во соблекувалната.

Во ПСЖ Мбапе има годишна бруто плата од околу 72 милиони евра, но додадени се и дополнителни милионски бонуси и премии. Најавите се дека за да игра за Реал Мадрид прифаитл 50 милиони евра по сезона, плус бонус за потпис на договорот бидејќи би пристигнал како слободен играч, но и одредени бонуси во зависност од постигнувањата.

И со тие 50 милиони евра Мбапе би бил најплатениот фудбалер на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона и Наполи спремаат голема трампа

Квича Кварацхелија беше вистинско откритие на Серија А минатата сезона и го привлече внима…