Дома Фудбал Англија Mурињо: Тотенхем погреши што го отпушти Санто

Mурињо: Тотенхем погреши што го отпушти Санто

Екипата на Тотенхем го отпушти Нуно Еспирито Санто и на негово место го доведе италијанскиот стратег Антонио Конте.

На оваа тема свој коментар даде и Португалецот Жозе Мурињо. Мурињо истакна дека за него Санто е одличен тренер и смета дека во Тотенхем погрешиле што го отпуштиле.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Нормално дека Конте е добар тренер, но и Нуно е одличен. Во Вулверхемптон за 4-5 години одработи одлично. Не доби време да донесе резултати, затоа ќе кажам – Тотенхем има добар тренер сега со Конте, но погреши што не му даде повеќе време на Санто“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јувентус повторно се обидува да го врати Коло Муани

Јувентус повторно ја разгледува можноста за враќање на напаѓачот Рандал Коло Муани во клуб…