Дома Фудбал „Лузер на годината“: Го тетовираше испаѓањето на најголемиот ривал, а тие на крајот – изборија опстанок!

„Лузер на годината“: Го тетовираше испаѓањето на најголемиот ривал, а тие на крајот – изборија опстанок!

Еден навивач на Џенова реши прерано да слави заминувањето на Сампдорија, главниот ривал во градот, во Серија Ц, што се смета за најголем неуспех во историјата на клубот што го играл финалето на Купот на европските шампиони во 1992 година.

На фотографијата се гледа како навивачот во дрес на најстариот фудбалски клуб во Италија гордо ја покажува тетоважата на раката со која сакал да се потсмее на навивачите на омразениот клуб поради елиминацијата во третата лига на италијанскиот фудбал.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, малку избрзал. Иако Сампдорија заврши на 18. позиција во Серија Б сезоната, Фудбалскиот сојуз на Италија ја казни Бреша со одземање на бодови поради нерегуларности во работењето на клубот.

Следуваше двобојот на баражот против Салернитана во кој Сампдорија беше подобра и се избори за опстанок..

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нема да верувате кој има највисока плата во Челси, веќе е и заборавен!

Добро познато е дека Челси пред почетокот на сезоната имаше над 40 регистрирани фудбалери,…