
Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ (27) ненадејно отпатува од Соединетите Американски Држави кон Европа поради повреда која би можела сериозно да ги загрози шансите на ЛА Лејкерс за освојување на НБА титулата. Дончиќ планира да се подложи на специјализирани третмани за да се врати на теренот што е можно побрзо пред плејофот.
Дончиќ се повреди пред неколку денови за време на натпреварот против Оклахома, чувствувајќи остра болка. Деталните прегледи открија дека станува збор за втора степен истегнување на задната ложа, што го исклучува од регуларниот дел од сезоната. Со оглед на тоа што до плејофот има помалку од две недели, навивачите стравуваат дека нема да биде подготвен за првиот круг.
Лекување во Европа за побрзо враќање
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
За да се избегне најлошото, раководството на Лејкерс реши да го испрати Дончиќ во Европа. Се надеваат дека специјализираните третмани ќе му овозможат побрзо закрепнување од очекуваното и враќање на теренот во клучниот период на сезоната.
Во меѓувреме, Лејкерс синоќа загубија од Далас и покрај одличната игра на ЛеБрон Џејмс, кој постигна 30 поени и направи 15 асистенции. Тимот сè уште се бори за третата или четвртата позиција на Западот, но без помошта на Дончиќ им се заканува пад до петтото место. Во тој случај, веднаш на почетокот на плејофот би ги чекал тежок дуел против Минесота или Хјустон.