Дома Фудбал Луис Енрике подложен на итна операција по пад од велосипед

Луис Енрике подложен на итна операција по пад од велосипед

Тренерот на Пари Сен-Жермен, Луис Енрике (55), ќе мора да се подложи на итна операција откако во петокот доживеа несреќа возејќи велосипед, објави францускиот клуб. Шпанскиот стручњак на местото на настанот беше згрижен од итната служба, а со операцијата ќе му се санира скршеницата на клучната коска.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


“По велосипедската несреќа во петокот, главниот тренер на Пари Сен-Жермен, Луис Енрике, беше згрижен од итната помош и ќе оди на операција поради скршена клучна коска. Клубот ја изразува целосната поддршка и му посакува брзо закрепнување. Понатамошни информации ќе бидат објавени кога ќе станат достапни”, се вели во изјавата на ПСЖ.

Не се соопштени дополнителни информации за околностите на несреќата, но најважно е дека Енрике избегнал потешки повреди. Стандардниот период за опоравување од скршеница на клучната коска кај возрасни обично трае од шест до осум недели. По операцијата, Енрике ќе мора да ја носи раката во завој и да го следи медицинскиот план за закрепнување.

Поради тоа, не е извесно дали шпанскиот тренер ќе биде на клупата за претстојните натпревари. По репрезентативната пауза, ПСЖ се соочуваат со натпревар против Ленс, а веќе следната среда започнуваат одбраната на титулата во Лигата на шампионите против Аталанта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рагник постави услови на челниците на Милан за да ја прифати понудата

Челниците на Милан Џери Кардинале и Златан Ибрахимовиќ отпатуваа во Виена за да преговараа…