Пари Сен Жермен сигурно ќе биде многу активен на трансфер пазарот во зимскиот преоден рок.
Прв на листата за заминување е Милан Скриниар, кој не е во плановите на Луис Енрике и би можел да го засили Галатасарај. Турскиот клуб сака да го доведе на позајмица, со право на откуп во летниот преоден рок, а Словакот е заинтересиран да се пресели во Истанбул.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Следен е Рандал Коло Муани, за кого исто така нема место во тимот на Луис Енрике. Французинот има бројни понуди од Премиер лигата, го сакаат Арсенал, Манчестер Јунајтед и Челзи, а постојат сите шанси и тој да замине на позајмица во јануари.
Нејасна е ситуацијата околу Марко Асенсио, кој наводно би можел да се пресели во Јувентус. Тој исто така има помала минутажа, иако одигра 15 натпревари во сите натпреварувања, главно од клупата, па и него ПСЖ му ја отвори излезната врата.