Дома Фудбал Лудило во последниот ден од преодниот рок во Премиер лигата: Манчестер сити го доведе Донарума!

Лудило во последниот ден од преодниот рок во Премиер лигата: Манчестер сити го доведе Донарума!

Последниот ден од трансфер периодот во Англија носи вистински хаос на пазарот, бидејќи по Ливерпул, и Манчестер Сити го реализираше долгоочекуваното засилување.

Утрово, Ливерпул го запечати договорот со Александер Исак од Њукасл, додека сега Сити го ангажираше Џанлуиџи Донарума, еден од водечките светски голмани.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Фабрицио Романо, со неговото познато “Here we go”, потврди дека Донарума е нов голман на Сити, пристигнувајќи по неочекуваното заминување од Пари Сен Жермен ова лето.

Медицинските прегледи се закажани за попладнево, а по нив Донарума официјално ќе биде претставен на Етихад.

Донарума ќе потпише долгорочен договор со Сити, при што се проценува дека отштетата ќе изнесува меѓу 30 и 35 милиони евра.

Договорот за Донарума беше постигнат откако Сити конечно го продаде Единсон, бразилскиот голман кој долго време беше на мета на Галатасарај, но на крајот заврши во Фенербахче.

Фенербахче ќе плати за трансферот на Единсон од Сити сума од околу 13 до 14 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милевски од денеска повеќе не е селектор на Македонија!

Со завршувањето на ноември официјално истече и договорот на селекторот на македонската фуд…