
Летниот преоден рок заврши, а англискиот гигант Ливерпул се покажа како најголем потрошувач и ги има трите наскапи трансфери. Вкупната вредност на „дрим-тимот“ составен од најскапите засилувања достигнува импресивни 879 милиони евра, без пресметани бонуси и дополнителни клаузули.
Во нападот доминира новоформираниот црвен тандем – Александер Исак, за кого беа издвоени 144 милиони евра, и Уго Екитике (95 милиони). Зад нив игра Волтмад, кој од Штутгарт премина во Њукасл за 85 милиони евра. Средниот ред изгледа уште посилно со Луис Дијаз (70 милиони), Флориан Вирц (125 милиони), Мартин Зубиаменди (70 милиони) и Брајан Мбуемо (75 милиони).
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Одбраната е составена од тандемот на Реал Мадрид, Карерас (50 милиони) и Хујсен (62,5 милиони), а нивно друштво е Илија Забрњи, кој го напушти Бормут и потпиша за ПСЖ. На голот застана неговиот нов соиграч, младиот Шевалие (40 милиони евра), кој пристигна како наследник на Донарума.
Интересен податок е што единствено дефанзивците и голманот не потпишаа за англиски клуб, што уште еднаш ја покажува доминацијата на Премиерлигата на трансфер-пазарот.
