Дома Фудбал Лотар Матеус се разведе по пет пати, а сега е во врска со 26 години помлада манекенка

Лотар Матеус се разведе по пет пати, а сега е во врска со 26 години помлада манекенка

Поранешниот германски фудбалски репрезентативец, Лотар Матеус (64), кој зад себе има пет брачни разводи, го привлече вниманието со романтична врска со 26-годишната манекенка Терезе Сомер, која е 38 години помлада од него.

Тие биле забележани заедно на повеќе јавни места, а во германскиот печат веќе се сметаат за пар.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Матеус и Сомер биле видени на натпреварувањето во скијачката трка на познатите во Ишгл, Австрија, како и на фудбалскиот натпревар од Лигата на нации во Алијанц Арена меѓу Германија и Португалија.

“Дојдовме тука за скијање, останатото е наша приватна работа”, истакна Матеус пред телевизијата A2 за неговата врска со Терезе Сомер.

Матеус се оженил за својата прва сопруга Силвија во 1981 година. Парот има две ќерки: Алиса, родена 1986 година и Виола, 1988 година. Тие се разведоа во 1992 година.

Поранешниот ас на Баерн се оженил за Лолита Морена, швајцарска манекенка и ТВ презентерка која ја претставувала својата земја на Мис Свет 1982 и Мис Универзум следната година, во 1994 година, но се развеле во 1999 година.

Поранешната германска ѕвезда трет пат во брак беше со Мариана Чолиќ во 2003 година, а врската завршила кога Матеус започнал да се гледа со манекенката Кристина Лилиана Чудинова, со која се оженил во 2009 година.

Петтиот и последен брак на Матеус беше со Анастасија Климко во 2014 година, кој заврши со развод во 2021 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јирген Клоп прифати работа, се враќа на стадионите!

Клоп ја напушти екипата на Ливерпул на крајот од сезоната 2023/24 по легендарниот период ш…