Дома Фудбал Лоша вест за Анчелоти и Реал Мадрид: Алаба повторно се повреди!

Лоша вест за Анчелоти и Реал Мадрид: Алаба повторно се повреди!

Карло Анчелоти го доживува еден од најтешките периоди откако е во Реал Мадрид, бидејќи се мачи со повредите на играчите. Особено ова важи за одбраната, а ноќната мора продолжи и утрово бидејќи остана без уште еден фудбалер.

Неверојатно е колку Реал Мадрид има проблеми со повреди оваа сезона, а особено тоа се однесува на дефанзивците, поради што Анчелоти речиси на секој натпревар мора да експериментира и во одбраната да користи играчи на кои тоа не им е природна позиција.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Уште на почетокот на сезоната остана без Дани Карвахал, кој ги скинал лигаментите и за него сезоната е завршена, а истата судбина неодамна го снајде и Едер Милитао.

Но, најголемиот удар го доживеа за викендот кога на натпреварот против Еспањол се повреди Антонио Рудигер, без кого Анчелоти ќе биде во дербито против Атлетико Мадрид, но и во двомечот со Манчестер Сити во Лигата на шампионите.

Немалку ја подобри ситуацијата враќањето на Давид Алаба, кој на почетокот на јануари се врати во тимот, откако поради тешка повреда отсуствуваше повеќе од една година.

Сепак, среќата не траеше долго бидејќи денеска Реал Мадрид соопшти дека и овој 32-годишен Австриец повторно се повредил.

Алаба заработи повреда вчера на тренинг, а по детални прегледи утрово беше потврдено дека ќе мора да паузира две до три недели, што значи дека ќе го нема на натпреварите против Атлетико и Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Феликс го „запали“ Сан Сиро на дебито🎥

Милан вечерва игра протов Рома во четвртфиналето од Купот, а на „Сан Сиро“ дебитираа новит…