Челзи ги интензивира преговорите со тренерот на Наполи, Маурицио Сари кој е прв избор за тренерското столче на „Стенфорд Бриџ“.
Италијанскиот стратег во актуелниот договор со Наполи има откупна клаузула од 8 милиони евра, која за Челзи нема да претставува никаков проблем.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Самиот Сари е спремен да ја промени средината после уште една разочарувачка сезона со Наполи и неуспехот да се освои Скудетото кое најверојатно повторно ќе заврши во Торино.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека неговиот менаџер Алесандро Пелегри во изминатите денови имал нелколку средби со челниците на Челзи, па недостасуваат само уште некои детали.
Наводно Сари веќе им наредил на неговите помошници хитно да почнат да учат англиски, инаку јазик кој Сари одлично го говори бидејќи пред да биде тренер работеше како банкар во Лондон.
Наполи исто така се обидува да го задржи тренерот и му понуди нов договор со годинашна плата од 3,5 милиони евра, но интенцијата на Сари е да се пресели на „Стенфорд Бриџ“.