
Сѐ што се случува во Реал Мадрид е последица на фактот дека управата погреши со Чаби Алонсо. Тој од самиот почеток знаеше што сака, да го трансформира и унифицира Реал Мадрид, но ова не може да се оствари со најголемите ѕвезди на денешниот фудбал и тоа смеа да се знае во клубот.
Сега е време за нов почеток, Алваро Арбелоа е тренер и ќе го води тимот до понатаму, можеби дури и до крајот на сезоната, но ќе го оставиме на управата на клубот да процени.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Од друга страна, секако дека бараат име кое е доволно големо за да го наследи Алонсо, а два нови се појавија по Јирген Клоп кој кажа дека во Реал работите „не се 100% добри“.
Кои се имињата?
Шпанските медиуми сметаат дека Антонио Конте би можел по завршувањето на оваа сезона со Наполи да стигне во Реал Мадрид, тој работи фантастично со Наполи со кој ја освои титулата минатата сезона. Договорот со Наполи го врзува до 2027 година, па Реал ќе мора да плати и добра обештета.
Второто име кое веднаш се појави е Енцо Мареска, уште еден италијански стручњак кој беше одличен во Парма и Лестер, се докажа како одличен тренер и некој кој е подготвен за голема сцена, а потоа во Челзи поради конфликт со управата мораше да го напушти Стамфорд Бриџ.