Дома Фудбал Ливерпул започна со работа на привлекување на дефанзивец

Ливерпул започна со работа на привлекување на дефанзивец

Ливерпул започнал преговори со Кристал Палас за привлекување на Марк Геи, тврди “Атлетик”. Сепак, црвените не се подготвени да платат стравично многу за играч, на кој договорот му истекува за една година.

По триумфот на Палас во “Комујнити Шилд”, претседателот на лондонскиот клуб Стив Периш призна дека дефанзивецот би можел да биде продаден ова лето, за да не си замине како слободен агент за една година.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Минатото лето клубот одби серија понуди од Њукасл, оценувајќи го играчот на 70 милиони фунти. Според англиските медиуми, сега “орлите” би прифатиле понуда од околу 40 милиони.

Според “Скај Спортс”, желбата на Геи е да заигра во Ливерпул. Тоа го натерало клубот од Мерсисад да започне преговори. Раководството на “црвените” има одлични односи со Стив Периш и сакаат да дејствуваат чесно. Токму затоа, тие ќе разговараат за личните услови на играчот кога ќе бидат сигурни дека ќе постигнат договор со лондонскиот клуб.

Ливерпул има сериозен интерес и за 18-годишниот дефанзивец на Парма, Џовани Леони, потврдува Џанлука Ди Марцио. Потенцијален трансфер на Италијанецот не е поврзан со привлекувањето на Геи, бидејќи Леони е повеќе за иднината. Парма го оценува на околу 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тага во Реал Мадрид: „Се збогува во солзи со соиграчите во соблекувалната“

Вчерашниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Севиља заврши со победа на Реал од 2:0, што ги о…