Дома Фудбал Ливерпул во потрага по ѕвезда од Премиер лигата – ќе плати 62,5 милиони?!

Ливерпул во потрага по ѕвезда од Премиер лигата – ќе плати 62,5 милиони?!

Ливерпул доминира во Премиер лигата со предност од 12 поени, но раководството на клубот е свесно дека мора да го засили офанзивниот дел од тимот.

Според информациите на „Фудбал Инсајдер“, Ливерпул веќе ја започна анализата на играта на Куња и можноста за негова интеграција во системот на екипата.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Бразилскиот репрезентативец оваа сезона блеска во дресот на Волвс, а досега има постигнато 13 голови и забележано четири асистенции во Премиер лигата.

Иако поради суспензија ќе пропушти шест натпревари, Куња неодамна даде интервју каде што нагласи дека сака да премине во клуб кој се бори за трофеи.

Набргу по тоа, 25-годишниот напаѓач им се обрати на навивачите на Волвс преку социјалните мрежи, истакнувајќи дека останува посветен на клубот, но е познато дека во неговиот договор постои откупна клаузула од 62,5 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер најде напаѓач во Парма

Интер договори ново засилување во нападот, јавуваат италијанските медиуми. Фудбалскиот клу…