Дома Фудбал Ливерпул се пофали и со Милош Керкез

Ливерпул се пофали и со Милош Керкез

Ливерпул го заврши трансферот и на Милош Керкез. Унгарскиот лев бек е официјално објавен како играч на англискиот шампион со договор, чија должина не беше откриена, но според медиумите е до 2030 година. За него, клубот од Мерзисад ќе плати 40 милиони фунти на Борнмут.

Керкез стана третиот Унгарец во Ливерпул по Доминик Собослај и 20-годишниот голман Армин Печи, кој исто така дојде ова лето – за симболична сума од Академија Пушкаш.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Левиот бек е на 21 година и е роден во Србија, додека татко му е Србин. Керкез игра за националниот тим на Унгарија. Во Борнмут тој помина две сезони, а пред тоа беше дел од АЗ Алкмар, Милан (без натпревари за првиот состав) и Ѓори ЕТО.

Претходно на “Енфилд” се засилија уште со Џереми Фримпонг и Флориан Виртц. Голманот Гиорги Мамардашвили исто така ќе се приклучи на тимот ова лето, откако беше купен од Валенсија пред една година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона сега чудо ќе ја спречи да освои титула, Левандовски со среќен гол го урна Атлетико (Видео)

Фудбалерите на Барселона во 30. коло на Примера победија Атлетико Мадрид со 2:1 и така ја …