Дома Фудбал Ливерпул пронајде спектакуларна замена за Арнолд

Ливерпул пронајде спектакуларна замена за Арнолд

Трент Александр-Арнолд на крајот од оваа сезона ќе го напушти Ливерпул бидејќи решил кариерата да ја продолжи во дресот на Реал Мадрид. За „Црвените“ ова сигурно е голем удар, но на „Енфилд“ нема паника бидејќи веќе нашле фантастична замена за англискиот репрезентативец.

Сигурно дека заминувањето на Александер-Арнолд е голем удар за Ливерпул бидејќи тој веќе години наназад е еден од најстандардните играчи во овој тим, но изгледа дека „Црвените“ биле подготвени на тоа.

Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓


Додека чекаа да се одлучи дали ќе го продолжи договорот или не, раководството на Ливерпул сакало да биде подготвено за неговото заминување и веќе барало решение кого ќе донесат да игра на позицијата десен бек во иднина.

На списокот на можни засилувања на Ливерпул за таа позиција имаше неколку имиња, но изгледа дека Црвените веќе знаат кого сакаат.

Како што пишува „Дејли Рекорд“, во Ливерпул се одлучни летово да го донесат Јереми Фримпонг кој игра одлично во дресот на Баер Леверкузен, при што нивна предност е што и тој самиот е многу заинтересиран кариерата да ја продолжи во дресот на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите го запреа Лапорта и му побараа – две засилувања (Видео)

Барселона вчера без поголеми проблеми на „Монжуик“ ја победи Жирона со 4:1 во натпревар од…