Дома Фудбал Ливерпул продаде уште еден талент

Ливерпул продаде уште еден талент

Шкотскиот крилен напаѓач Бен Доак (19) ќе го напушти Ливерпул и ќе ја продолжи кариерата во Борнмут, кој за него ќе плати отштета во износ од 29 милиони евра.

Доак ја напушти младинската академија на Селтик во 2022 година на 17 годишна возраст и се пресели во фудбалската академија на Ливерпул, но во сениорска конкуренција одигра само десет натпревари за тимот од Енфилд Роуд.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Минатата сезона беше позајмен во второлигашкиот Мидлзбро и постигна три гола и седум асистенции, а ова за Ливерпул ќе биде уште една богата продажба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ханси Флик, Барселона и новиот договор – без брзање

Иако Барселона има намера да го продолжи договорот на Ханси Флик, весникот “Мундо Де…