Дома Фудбал Ливерпул поразен од Галатасарај во Лигата на шампионите, резервистот Салах во неверување: Вакво нешто не сум доживеал досега!

Ливерпул поразен од Галатасарај во Лигата на шампионите, резервистот Салах во неверување: Вакво нешто не сум доживеал досега!

Фудбалерите на Ливерпул доживеаја пораз на гости кај Галатасарај во второто коло од Лигата на шампионите. Најтрофејниот турски клуб им создава проблеми на тимот од Енфилд, кој се наоѓа во криза. Прво, актуелниот англиски шампион загуби во Премиер лигата од Кристал Палас, а потоа и во Истанбул.

Галатасарај приреди големо изненадување со победата над Ливерпул, а уште позачудувачки беше што Мохамед Салах започна на клупата за резерви.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


Клучниот момент се случи во 16. минута, кога домаќините добија пенал, а од белата точка сигурен беше Виктор Осимен, со што го постави, како што се покажа, конечниот резултат.

Арне Слот му даде шанса на Салах во 62. минута, а во тие моменти беше забележан интересен детал кога Египќанинот се подготвуваше да влезе на теренот.

Тогаш од трибините се слушнаа силни свирежи, Мо дури во еден момент мораше да ги затвори ушите, толку беа гласни свирежите на домашните навивачи.

Нема да измислуваме ништо ако кажеме дека навивачите на Галатасарај се меѓу најгласните во светот, но ѕвездата на Ливерпул сепак беше изненадена од тоа што го доживеа на Босфор.

Никогаш во животот не сум играл во ваква атмосфера! Навистина беше тешко да се концентрираме на играта. Бучавата од трибините беше заглушувачка, не можевме да се справиме со тоа. Честитки до Галатасарај за победата, изјави Мохамед Салах

>
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Напушти го нашиот клуб“: Навивачи го нападнаа Флик – „гори“ Каталонија

По поразот на Барселона синоќа на домашен терен во Лигата на шампионите од ПСЖ, навивачите…