
На пат за Ливерпул е Флоријан Вирц, пристигна еден бек Џереми Фримпонг, се очекува наскоро и Милош Керкез, но уште едно прашање ги мачи навивачите – кога ќе оди шампионот по напаѓач?
Се знае дека Дарвин Нуњез не е во плановите на Арне Слот, додека Диого Жота често имаше проблеми со повреди, па тешко наоѓаше форма и затоа Холанѓанецот не може да се потпре на него.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
На пазарот има неколку интересни опции и напаѓачи кои сигурно ќе ја напуштат средината на овој клуб, а тоа се – Виктор Ѓокереш, Бенџамин Шешко и Виктор Осимен, но во моментот никој од нив не се поврзува многу со Ливерпул.
Наводно, зад сето тоа лежи фактот дека најголемиот сон на Ливерпул е тешко остварлив, бидејќи сите во клубот најмногу сакаат новиот водач на нападот да биде – Александер Исак.
Швеѓанецот и претходно се поврзуваше со Ливерпул, но сè пропадна кога Њукасл обезбеди пласман во Лигата на шампионите и оваа сезона. Њукасл не мора да брза со неговата продажба, Исак има договор до 2028 година и ќе ја разгледа продажбата само ако некој понуди над 150 милиони евра, а тоа за Ливерпул, после Вирц, ова лето е невозможна мисија.
Фото: Грок AI