Дома Фудбал Ливерпул не попушта за Арнолд, но Реал Мадрид подготвува нова понуда

Ливерпул не попушта за Арнолд, но Реал Мадрид подготвува нова понуда

Реал Мадрид не се откажува од својот интерес за англискиот десен бек Трент Александер-Арнолд и активно работи на реализација на трансферот уште во зимскиот преоден рок.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако дефанзивецот на Ливерпул може да замине како слободен играч по истекот на договорот на крајот од сезоната, раководството на „кралскиот клуб“ се надева дека ќе го обезбеди неговиот потпис порано.

Првата понуда, која се шпекулира дека изнесувала околу 15 милиони евра, беше одбиена од Ливерпул. Сепак, Реал подготвува нова, подобрена понуда во висина од 20 до 25 милиони евра, со надеж дека ќе ги убеди „црвените“ да се согласат на трансфер.

Ливерпул, сепак, останува категоричен дека нема да се раздели со еден од своите клучни играчи во средината на сезоната, дури и ако тоа значи дека Александер-Арнолд ќе замине без отштета во летниот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Белгија му се потсмева на Трамп. Лукаку со потег на претседателот го одбележа голот

Белгија ги победи Соединетите Американски Држави со резултат 4:1 во најконтроверзниот натп…