Дома Фудбал Ливерпул може да го продаде Конате до крајот на транферниот прозорец

Ливерпул може да го продаде Конате до крајот на транферниот прозорец

Раководството на Ливерпул планира во наредните денови да даде нова понуда на Ибрахима Конате за нов договор на Французинот.

Според “Марка”, ако централниот бек одбие, клубот може да се обиде да го продаде уште до крајот на летниот трансферен прозорец, бидејќи не сака да се најде во иста ситуација како со Трент Александер-Арнолд. Десниот бек го дочека истекот на неговиот договор, по што премина во Реал Мадрид како слободен агент.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Договорот на Конате истекува следното лето, а од “Марка” тврдат дека на “Енфилд” се свесни дека веќе имало контакт помеѓу Французинот и Реал, и можеби играчот презел некој обврска да се пресели на “Сантијаго Бернабеу” наредното лето.

Во наредниве денови Ливерпул ќе се обиде да финализира привлекувањето на двајца централни бранители – капитенот на Кристал Палас, Марк Геи и талентот на Парма, Џовани Леони. На “Енфилд” ќе направат сѐ што можат за да го убедат Конате да го продолжи договорот, но ако тоа не се случи сега, не сакаат сагата со него да се должи.

Пари Сен Жермен и Барселона исто така имаат интерес за Конате, а во последните денови се зборува дека и Челси може да даде понуда за него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем – од готово вересија, ПСЖ е апсолутен владетел на Европа!

Пари Сен Жермен освои уште еден европски трофеј, Суперкупот на УЕФА, триумфирајќи по голем…