Дома Фудбал Ливерпул и Тотенхем влегуваат во битка за потписот на фудбалерот кој ја воодушеви Англија!

Ливерпул и Тотенхем влегуваат во битка за потписот на фудбалерот кој ја воодушеви Англија!

Крилниот напаѓач на Борнмут и репрезентативец на Гана, Антоан Семењоо, привлекува внимание од најголемите англиски клубови.

Според извештаите од “talkSPORT”, Ливерпул и Тотенхем сериозно размислуваат да го донесат Семењо веќе во претстојниот трансфер период.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Семењо оваа сезона блеска во дресот на Борнмут. Неговите игри, голови и пробиви на крилото го направија еден од највозбудливите фудбалери во Премиер лигата. До сега има постигнато неколку важни голови и покажал дека е подготвен за поголема сцена.

Борнмут е свесен за големиот интерес за нивниот играч, па во медиумите се говори дека поставиле цена од околу 75 милиони фунти. Тоа би можело да ги обесхрабри помалите клубови, но за Ливерпул и Тотенхем, доколку веруваат дека Семењо е вистинска инвестиција, ова не е пречка.

Она што го издвојува Семењо е неговата моќ, брзина и способноста да игра на двете крила. Често демонстрира дека има капацитет да носи вистински одлуки во тешки моменти и неговиот врвен перформанс не останува незабележан.

Ливерпул го гледа Семењо како потенцијален наследник за некои од своите напаѓачки звезди. Клубот се подготвува за смена на генерациите во нападот, и овој играч би можел да биде добар дополнителен елемент во системот на Слот.

Тотенхем, пак, создава нов тим под водство на Томас Франк. Данскиот тренер има високо мислење за офанзивни, директни играчи, и Семењо совршено се вклопува во таа филозофија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Германецот збесна: Флик со срамен потег го прослави голот за победа на Барселона (Видео)

Ханси Флик повторно се најде во центарот на вниманието заради својот однос кон судиските о…