Дома Фудбал Ливерпул и Кристал Палас планираат да ги разменат Марк Геи и Харви Елиот?

Ливерпул и Кристал Палас планираат да ги разменат Марк Геи и Харви Елиот?

Ливерпул и Кристал Палас можат да направат размена на двајца свои играчи, за кои другата екипа покажува интерес.

Мерсисајдерите веќе долго време сакаат да го доведат капитенот на „орлите“ Марк Геи за да ја засилат својата одбрана. На „Селхурст Парк“ пак го означиле Харви Елиот како потенцијална замена за Еберечи Езе, за кого силен интерес покажуваат Арсенал и Тотенхем.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Геи има договор кој истекува за помалку од една година и поради оваа причина Ливерпул сака да го ангажира за трансферна сума од околу 30-35 милиони фунти. Кристал Палас инсистира на 40 милиони. Мерсисајдерите исто така го проценуваат Елиот на околу 40 милиони фунти, така што според „Сан“ и „Мирор“ е можно двата клуба да ги разменат своите играчи.

Елиот е поврзуван и со РБ Лајпциг, Брајтон и Вест Хем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фамилијата Анчелоти пред враќање на “Бернабеу”

Давиде Анчелоти, синот на Карло Анчелоти, може да го замени Чаби Алонсо како главен тренер…