Дома Фудбал Ливерпул го сака поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед: Ќе понуди 80 милиони евра?

Ливерпул го сака поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед: Ќе понуди 80 милиони евра?

Раководството на Ливерпул на своите навивачи ќе им приреди многу интересно лето, барем така најавуваат медиумите од Англија, но и многу други странски медиуми.

Ливерпул наводно е еден од четирите клуба што се борат за потписот на поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, но како стојат работите се наоѓаат во најдобра позиција за неговиот потпис.


Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓


Така, пред раководството на Ливерпул би требало да биде многу зафатено лето со многу зделки што треба да ги завршат, бидејќи во последните два трансфер рока го доведоа само Федерико Киеза.

Главната цел на “црвените” е напаѓач, а изгледа дека Слот e загрижен за друга ѕвезда од Премиерлигата која би требало да пристигне на Анфилд во замена за Дарвин Нунјез.

Освен англичаните, интересни информации за Ливерпул доаѓаат и од Шпанците, кои тврдат дека едно име одеднаш се искачи на врвот на трансфер желбите на Арне Слот, но и на раководството на тимот од Анфилд.

Како што тврдат новинарите на Фичајес, Ливерпул наредно лето сака да го доведе во своите редови поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, станува збор за Мејсон Гринвуд.

Ливерпул е еден од четирите клуба што сакаат да го доведат овој напаѓач од Марсеј, а тој пристигна во Франција од Олд Трафорд минатото лето.

Барселона исто така ја следи развојот на целата ситуација, а тука се наводно уште и Баерн Минхен, како и Јувентус кои се заинтересирани за доведување на Гринвуд.

Оваа сезона Гринвуд постигна 15 голови во сите натпреварувања, од кои 14 голови во лигата во 23 одиграни натпревари.

Во Марсеј се свесни дека нема да можат долго да го задржат во тимот, и поставиле цена од 80 милиони евра за него, а наводно Ливерпул нема ништо против да ја плати таа сума за да го доведе во своите редови.

Од друга страна, таа сума би можела да биде преголема за раководството на Барселона, но Баерн и Јувентус заедно со Ливерпул не би требало да имаат никаков проблем да ја платат.

Гринвуд беше поврзуван со Барселона и пред да потпише за Марсеј, а сега повторно започна поврзувањето за преселба во тимот од Шпанија.

Тој постигна 10 голови за Гетафе кога беше на позајмица од Манчестер Јунајтед во овој клуб.

Неговите одлични настапи во Франција ги препорачаа клубовите, и како што стојат работите може да се врати на голема врата во Премиерлигата и да заигра за Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи му нуди трампа на Милан

Фудбалскиот клуб Челзи силно се интересира за Рафаел Леао, ѕвездата на Милан и португалски…