Дома Фудбал Ливерпул го договори првиот од двајцата дефанзивци

Ливерпул го договори првиот од двајцата дефанзивци

Ливерпул е на чекор до официјализирање на трансферот на талентот на Парма Џовани Леони.

Според Николо Скира, „црвените“ ќе платат за 18-годишниот централен одбранбен играч 35 милиони евра. „Дуковите“ ќе добијат и 10% од сумата од евентуална негова идна продажба.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Самиот фудбалер веќе се договорил со „црвените“ за своите лични услови. Бен Џејкобс додава дека зделката ќе биде финализирана во следните 24 часа.

Истовремено, Ливерпул продолжува да преговара со Кристал Палас за ангажирање на капитенот на „орлите“ Марк Геи. „Црвените“ веруваат дека можат да го добијат англискиот репрезентативец за само 35 милиони фунти, охрабрени од признанието на сопственикот Стив Периж дека Палас треба да размисли за продажба на Геи ова лето, доколку тој не потпише нов договор со клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фамилијата Анчелоти пред враќање на “Бернабеу”

Давиде Анчелоти, синот на Карло Анчелоти, може да го замени Чаби Алонсо како главен тренер…