
Фановите на Ливерпул објавија официјално соопштение во кое истакнуваат дека по натпреварот против Париз Сен-Жермен повеќе нема да ги истакнуваат своите знамиња на легендарната трибина Коп. Главниот мотив за овој драстичен потег е планираното зголемување на цените на билетите.
Една од најпознатите навивачки групи, Spion Kop 1906, реши да стави крај на сè поизразената комерцијализација на клубот, истакнувајќи дека секојдневните фанови веќе не можат да ги следат растечките трошоци. Нивното соопштение го пренесуваме во целост:
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
“По долги разгледувања, ниту едно знаме на групата Spion Kop 1906 повеќе нема да биде присутно на Енфилд на останатите натпревари. Чувствуваме дека сме оставени без никаква друга опција, затоа што од година во година растечките трошоци ги истиснуваат сè повеќе фанови од фудбалот. Љубителите на фудбалот сè повеќе се на работ на издржливост бидејќи овој спорт станува се подостапен само за најбогатите.”
Фановите во своето обраќање директно се обратија на сопствениците на клубот, групата ФСГ (Fenway Sports Group), потсетувајќи ги на вистинските вредности на клубот:
“Треба да се заземеме против растечките цени во фудбалот, веруваме дека има вредност во тоа да бидеш ценет. Културите и традициите, кои ги пренесуваа претходните генерации, мора да се зачуваат бидејќи фудбалот мора да остане достапен за идните генерации.”
🚨 𝗕𝗥𝗘𝗔𝗞𝗜𝗡𝗚: Фановите на Ливерпул издадоа изјава во која велат дека по натпреварот со ПСЖ, повеќе НЕМА да ги истакнуваат своите знамена на Коп.
— The Touchline | 𝐓 (@TouchlineX) April 9, 2026
Ова е поради зголемување на цените на билетите. pic.twitter.com/gIYd6R5QZ9
Исто така, со остри зборови го критикуваа начинот на кој клубот ја користи навивачката атмосфера за сопствена промоција и заработка:
“Ние, фановите, сме чукањето срце на овој фудбалски клуб; тоа е истото срце кое Ливерпул фудбалскиот клуб го монетизира за комерцијални цели. Апелираме до ФСГ да се сетат дека нашиот клуб треба да го отсликува идентитетот на својата заедница и да биде во согласност со вредностите на локалното подрачје.