Дома Фудбал Ливерпул добива интересна понуда за играчот од средниот ред, но на маса е и посебна опција

Ливерпул добива интересна понуда за играчот од средниот ред, но на маса е и посебна опција

Неизвесно лето не очекува на Енфилд. Во Ливерпул претстојат промени, а многумина се прашуваат дали Арне Слот ќе остане тренер по завршувањето на сезоната?

Црвените се подготвуваат да го обноват својот тим, а еден од играчите кој би можел да го напушти клубот е 25-годишниот играч од средината, Куртис Џонс.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Џонс има договор со Ливерпул до летото 2027 година, па наредното лето е можност за заработка за црвените.

На Енфилд нема лесно да се откажат од својот играч од средниот ред. Ќе разгледаат само понуди од најмалку 50 милиони евра.

Тотенхем покажал интерес за Џонс, но по утврдувањето на цената од страна на Ливерпул интересот како да опадна.

Сепак, се појави клуб кој е сериозно заинтересиран за Џонс и подготвен да ја плати побарана сума.

Станува збор за тимот на Њукасл.

За Њукасл, Куртис Џонс е идеална замена за Сандро Тонали.

Интересот за Тонали е сè поголем и би можел да замине од „Сент Џејмс Парк“.

Во Њукасл интензивно се работи на трансферите кои би вклучувале нови засилувања.

Медиумите од островите тврдат дека Џонс е главна цел.

Можно е дури и размена. Џонс да се пресели во Њукасл, а Тонали во Ливерпул. Но, оваа варијанта е најмалку веројатна на маса.

За Тонали, заинтересиран е и Арсенал, а неговиот договор со Њукасл е активен до летото 2028 година.

На кратко, не чека клучно лето на фудбалскиот пазар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид е заинтересиран за фудбалер на Јунајтед – ќе плати 70 милиони евра!?

Според извештајот на шпанскиот медиум „Фихајес“, Лени Јоро е предмет на интерес од страна …