Дома Фудбал Ливерпул доби жесток конкурент во трката за потписот на Марк Гехи

Ливерпул доби жесток конкурент во трката за потписот на Марк Гехи

Капитенот на Кристал Палас и репрезентативец на Англија Марк Гехи летово беше веќе виден во дресот на Ливерпул, но трансферот се изјалови во последен момент. Го сопре менаџерот на Палас, Оливер Глазнер, бидејќи клубот не успеа да најде замена за одличниот стопер.

Гехи тоа го прифати мирно, продолжи да игра одлично, е лидер на Палас и сигурно ќе биде дел од селекцијата на Англија на Мундијалот. Максимално е фокусиран и го чека летото кога му истекува договорот со Палас, кој нема намера да го продолжи. Тој веќе од 1 јануари има право да преговара со потенцијални нови работодавци.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Се мислеше дека тоа сигурно ќе биде Ливерпул, дека скоро завршената работа само ќе се одложи за една година, но…

Германските медиуми тврдат дека спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл, планира во јануари да разговара со англискиот репрезентативец и да го убеди дека Минхен е вистинската дестинација за него, па останува да се види како ќе се развива приказната и дали ќе дојде до голем пресврт.

Гехи пристигна во Кристал Палас летото 2021 од Челзи со трансфер вреден 23 милиони евра. 

За Кристал Палас одигра 179 натпревари во сите натпреварувања, запишувајќи 10 голови и осум асистенции. Во дресот на Англија играл 26 пати и постигнал еден гол.

Со Палас освои ФА куп минатата сезона, а оваа го подигна трофејот во Суперкупот на Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем нуди најголема плата во клубот за ѕвездата од Премиер лигата!

Еден од фудбалерите на кои ќе биде ставен фокусот во јануари е Антоан Семењо, фудбалер кој…