Дома Фудбал Лионел Меси го продолжи договорот со Интер Мајами, ќе игра барем до 2028 година: “Тоа е неговиот дом”

Лионел Меси го продолжи договорот со Интер Мајами, ќе игра барем до 2028 година: “Тоа е неговиот дом”

Легендарниот аргентински фудбалер Лионел Меси (38) останува да го носи дресот на Интер Мајами. Американскиот клуб официјално потврди дека е продолжен договорот со осумкратниот добитник на Златната топка, со што се стави крај на сите шпекулации за неговата иднина.

Веста беше објавена преку видео на социјалните мрежи, каде Меси се гледа насмеан додека го чита и потпишува новиот договор. Истакнаа дека „Меси е во својот дом“.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Иако Интер Мајами не ги откри сите подобности, агенцијата AFP пренесе дека Меси потпишал продолжување на договорот до крајот на сезоната 2028 година. Со тоа, аргентинскиот капитен ќе остане дел од МЛС лигата и по својот 40-ти роденден, што дополнително ја потврдува неговата посветеност кон американскиот проект.

Меси пристигна во Интер во јули 2023 година, а од тогаш на 82 натпревари постигна 71 гол, станувајќи клучен играч и симбол на новиот подем на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона го избра Влаховиќ, но Србинот е на прагот да постигне договор со друг гигант

Шпанскиот гигант Барселона веќе извесно време бара замена за Роберт Левандовски, бидејќи П…