Дома Фудбал Линискиот судија почна тепачка со младинците и извлече подебел крај (видео)

Линискиот судија почна тепачка со младинците и извлече подебел крај (видео)

Натпреварот на две младински екипи во Бразил се претвори во масовна тепачка која практично ја започна линискиот судија.

Младинците од двата аматерски клуба – Сао Паоло и Клуб Бенеспа се сретнаа во недела и сè течеше без никакви возбудувања додека во надополнување на времето не се поништи голот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Се создаде гужва, еден од играчите на Сао Паоло му се приближи на помошниот судија до лицето, а тој го удри во глава.

Тука настана целосен хаос при кој најлошо помина токму тој судија, но ни тој и неговите колеги не се воздржуваа да возвратат удари.

Трчаше целиот тим на Бенеспа да се вмеша, но тренерот успешно ги спречи во таа намера.

На стадионот беше повикана воената полиција, а тие што беа вмешани, односно скоро сите на стадионот, беа одведени во полициската станица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ламин Јамал и Деклан Рајс се меѓу номинираните за наградата „Пушкаш“

ФИФА номинираше 11 гола што ќе се натпреваруваат за наградата „Пушкаш“, која традиционално…