Дома Фудбал Линекер си заминува од „Би-Би-Си“ по обвинувања за антисемитизам

Линекер си заминува од „Би-Би-Си“ по обвинувања за антисемитизам

По 26 години поминати како едно од најпрепознатливите лица на „Би-Би-Си“, Гери Линекер најави дека ќе го напушти овој медиумски гигант.

Оваа одлука следува откако на друштвените мрежи објави видео во кое се критикува ционизмот и содржи илустрација на стаорец, што многумина го оценија како антисемитски материјал.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Иако Линекер брзо ја отстрани објавата и се извини, истакнувајќи дека не сакал да поттикне омраза, реакциите од јавноста и од вработените во телевизијата беа остри.

Од британскиот јавен сервис потврдија дека последната епизода на Линекеровата емисија „Match of the Day“ ќе биде прикажана наредната недела, и дека тој нема да биде дел од преносот на Светското првенство во 2026 година.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клаузула во договорот на Мурињо ги отвора вратите кон Реал Мадрид

ЖОЗЕ МУРИЊО има клаузула во договорот со Бенфика која може да го направи достапен уште ова…