Дома Фудбал Левандовски размислува за пензија по завршувањето на сезоната?

Левандовски размислува за пензија по завршувањето на сезоната?

РОБЕРТ ЛЕВАНДОВСКИ пристигнува до таа точка во кариерата каде што големите голгетери самите ја кројат судбината на своето последно поглавје. Со договор што завршува во јуни 2026 година, единствениот правец кој тој го гледа во моментов е Барселона.

Полската ѕвезда и неговото семејство веќе се чувствуваат како дома во Каталонија, до точка каде што дури и високи понуди од Саудиска Арабија не го мамат. Јасна им е целта – да продолжат да живеат, а и ако постои можност, да играат во Барселона, информира SPORT.es.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Додека времето оди, Барса уште не одлучила. Во клубските канцеларии се разгледуваат двете страни на ситуацијата. Од една страна, тука е напаѓач кој носи резултати. Иако оваа сезона стартуваше во само пет натпревари, има постигнато седум голови и е најдобар стрелец на тимот, пред имиња како Фермин и Феран Торес.

Од друга страна, тука е финансиското планирање. Напуштањето на Левандовски во јуни би можел да ослободи значителен дел од буџетот за плати, што би отворило простор за ангажирање на нов, помлад напаѓач за иднината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Деко веќе започна преговори за првото летно засилување на Барселона!

Барселона сериозно ја разгледува иднината на Маркус Рашфорд, а најновите сигнали од Саудис…