
Искусниот полски голгетер Роберт Левандовски веќе трета сезона по ред живее живот полни дробови во Барселона, а претстојниот дуел против Бенфика би можел да му донесе многу на индивидуален план бидејќи е на едно ниво од изедначување на рекордот на големиот Роналдињо.
Најдобриот фудбалер во историјата на полскиот фудбал има постигнато 93 гола на 133 натпревари во дресот на Барселона, што е само еден гол помалку во однос на Роналдињо кој играше цели пет години за Барселона.
Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Левандовски има можност да го достигне славниот Бразилец веќе во вторник вечерта во реванш натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Бенфика.
Доколку барем еднаш се запише во стрелците, некогашниот голгетер на Баерн Минхен и Борусија Дортмунд ќе го достигне Роналдињо на вечната листа по бројот на постигнати голови, додека секој нов гол ќе го остави Бразилецот во прашината.
Кога станува збор за останатите играчи, Педро има постигнато 99 голови, Асенси 101, додека не заостанува ни Нејмар со дури 105 голови, достижни за Левандовски до крајот на тековната сезона.
С оглед на тоа што Левандовски ќе игра за Барселона и следната сезона, извесно е дека до крајот на мандатот во најголемиот град на Каталонија ќе може да смета на влез во ТОП 10 голгетери во историјата на клубот.