Дома Фудбал Левандовски како нов соиграч на Модриќ? Милан планира да го ангажира уште во јануари

Левандовски како нов соиграч на Модриќ? Милан планира да го ангажира уште во јануари

Милан размислува како да ја засили својата напаѓачка линија и се фокусира на Роберт Левандовски, пишуваат шпанските медиуми. Договорот на Левандовски со Барселона истекува следното лето, што отвора можност за преговори уште во јануарскиот трансфер период.

Доколку Полјакот дојде, клубот ќе ја следи стратегијата слична на онаа при доведување на Лука Модриќ. Хрватскиот капитен, веќе во првите недели се покажа како клучен играч во тимот на Масимилијано Алегри. Се претпоставува дека и Левандовски веднаш би се вклопил во стартната единаесетка на црвено-црните од Сан Сиро.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Во оваа сезона од италијанското првенство, Милан има постигнато 15 голови во 10 натпревари. Минатата сезона, Левандовски постигна 42 голови во 52 натпревари и во текот на кариерата над 700 голови играјќи за полската репрезентација (87 голови), Баерн (344), Борусија Дортмунд (103), Барселона (105)…

Ако Левандовски си замине веќе во јануари, тоа ќе ја натера Барселона да се ангажира на трансфер пазарот во период кој обично е резервиран за краткорочни, а не долгорочни решенија. Од друга страна, неговото заминување би ослободило значителен дел од буџетот за плати. Барселона наскоро ќе мора да ја донесе конечната одлука за иднината на 37-годишниот полски напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан и Интер го пресметуваат зголемениот приход од новиот стадион

Двата фудбалски тима од Милано, Интер и Милан, имаат амбициозни планови да ги зголемат при…